НАТО изработува план за руски напад, зборуваат за нуклеарки и напад од вселената

Министрите за одбрана на НАТО ќе се договорат за новиот мастер план за одбрана од секој потенцијален руски напад на повеќе фронтови, и покрај новиот фокус на алијансата кон Кина, рекоа дипломати и официјални лица.

Фото: ЕПА

Стратегијата која е доверлива ги надминува постојните регионални одбранбени планови и има за цел да се подготви за секој истовремен напад во балтичките и црноморските региони, по можност вклучувајќи нуклеарно оружје, хакирање компјутерски мрежи или напад од вселената.

Официјални лица и дипломати велат дека таков напад не е непосреден. Русија негира какви било воени намери и вели дека НАТО е тој што со вакви подготовки ризикува да ја дестабилизира Европа.

Но, американски официјални претставници, дипломати на НАТО и поранешни претставници велат дека Концептот за одвраќање и одбрана во евро-атлантскиот простор е потребен бидејќи Русија развива напредни системи на оружје и распоредува војници и опрема близу сојузничките граници.

Во мај, Русија распореди околу 100.000 војници на границата со Украина, најголем број откако Москва го анектираше Крим во 2014 година, велат западните власти. Во септември, Русија употреби нови борбени роботи во големи воени вежби со Белорусија, што ги алармираше балтичките сојузници.

Со тоа што Русија ги надградува или заменува советските воени вселенски системи за потенцијално да ги нападне сателитите во орбитата, развивајќи технологии базирани на вештачка интелигенција за нарушување на сојузничките командни системи, Москва исто така развива и „супер оружје“.

Откриено е во 2018 година и вклучува нуклеарни крстосувачки ракети пет пати побрзи од звукот, кои би можеле да ги избегнат системите за рано предупредување.

Пензионираниот американски генерал Бен Хоџис, кој командуваше со американските воени сили во Европа од 2014 до 2017 година, за Ројтерс изјави дека се надева дека стратешкиот план ќе доведе до поголема усогласеност во колективната одбрана на НАТО, што значи повеќе ресурси за црноморската област.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе