„Се отвора ново поглавје“

НАТО го подготвува првиот самит со Бајден

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека разговарал со претседателот на САД Џозеф Бајден за подготовката на самитот на Алијансата.

EPA-EFE

„Ми беше задоволство да разговарам со претседателот на САД на кого му го честитав стапувањето на должност. Се отвора ново поглавје за нашата трансатлантска алијанса. Се радувам што ќе го дочекам на самитот на НАТО и што тесно ќе соработувам со него“, напиша Столтенберг на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО го поздрави „акцентот на Бајден на обновувањето на Сојузот“ и истакна дека „НАТО е местото каде Европејците и Американците секојдневно се состануваат за заедно да се соочат со предизвиците со кои ниедна земја не може да се соочи сама“.

Следниот самит на НАТО ќе биде во Брисел годинава, а лидерите на Алијансата ќе донесат одлуки за НАТО да биде уште посилен, додаде Столтенберг. Датумот на тој собир ќе зависи од епидемиолошката ситуација во Европа.

Столтенберг додаде дека со Бајден разговарал за борбата против меѓународниот тероризам, особено во Авганистан и Ирак, за односите со Русија и влијанието на Кина врз безбедноста.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, му предложил на Бајден за него да организира специјален самит на Европската Унија во Брисел, кој би се одржал, според дипломатски извори, во исто време со самитот на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе