НАСА: Русија собра жито во вредност од милијарда долари на украинските полиња

Оваа година Русија собра жито во вредност од приближно една милијарда долари на украинските полиња, објави американската вселенска агенција НАСА. Околу 5,8 милиони тони пченица се собрани на полиња во подрачја „кои не се под украинска контрола", објави НАСА Харвест, програма на агенцијата за прехранбена безбедност и земјоделство, а пренесе германската агенција дпа.

Фото: ЕПА

НАСА Харвест, во соработка со неколку партнерски институции, за истражувањето користела сателитски податоци и моделирање. Вкупно, годинава на украинска територија се собрани 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од минатогодишните предвидувања, проценуваат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Иако ова е помалку од минатогодишната рекордна жетва од 33 милиони тони, сепак количината е блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони. Украина немаше пристап до 22 отсто од житото во источниот дел на земјата поради тековната руска инвазија.

Според НАСА, вкупно 88 отсто од минатогодишните зимски култури биле собрани во области кои не се под контрола на Украина. Неожнеаното жито најчесто се наоѓа на полињата во близина на линијата на фронтот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе