НАСА одлучи да ги укине навредливите прекари на планетите и другите вселенски објекти

НАСА навести дека ќе се приклучи во движењето за зајакнување на праведноста во општеството така што ќе ги смени неофицијалните и потенцијално спорни називи што во научната заедница се користат за далечните вселенски објекти и системи, како планети, галаксии и маглини.

Фото: ЕСА

Вселенската агенција соопшти дека „работи на идентификување и решавање на системската дискриминација и нееднаквост во сите аспекти на општеството и дека станало јасно дека одредени прекари не само што се нечувствителни, туку може да бидат и навредливи“.

Еден од првите чекори ќе биде да се запре употребата на името Еским за маглината НГЦ 2392.

„Еским“, вели НАСА, „се смета за колонијален термин и има расистичка историја“.

Вселенската агенција, исто така, ќе престане да го нарекува парот спирални галаксии НГЦ 4567 и НГЦ 4568 „Сијамски близнаци“.

„Ваквите прекари и изрази може да имаат непожелни историски или културни конотации“, рече Стивен Ших од НАСА.

„Науката се развива благодарение на придонесот на различни земји и култури и е корисна за целото население на планетата, па затоа мора да биде достапна за сите“, додаде тој.

НАСА објави дека во иднина во спорните случаи ќе ги користи само официјалните симболи на Меѓународната астрономска унија (ИАУ). Вселенските објекти со ненавредливи називи, како што е маглината Барнард 33 (позната како Коњска глава), ќе ги задржат прекарите.

Британецот Фредерик Вилијам Хершел е тој што ги именувал парот галаксии Сијамски близнаци. Тој е астроном и композитор роден во Германија во 1738 година.

Хершел го дал и името Еским за објектот НГЦ 2392, кој во 1787 година го опишал како „ѕвезда со прилично светла средина, околу која маглината е рамномерно распоредена од сите страни“. Тој додал дека станува збор за исклучителен феномен.

Хершел минал девет години категоризирајќи ги небесните тела. Во 1802 година тој објави каталог на маглини со 2.500 објекти, а во 1820 година со 5.000 објекти. Открил објект за кој подоцна било утврдено дека е планетата Уран. Тој исто така прв ги уочил месечините на Уран - Титан и Оберон, како и Сатурновите месечини Енцелад и Мимас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕСА

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе