НАСА ја обвини Кина да сака да ја заземе месечината како дел од воената програма

Шефот на НАСА рече дека Кина може да ја преземе месечината како дел од воената програма и додаде дека Кина секогаш повикувала на изградба на заедница на нации во вселената. Кина ги отфрли тие изјави како неодговорни обвиненија.

Фото: ЕПА

Кина во последната деценија го забрза темпото на својата вселенска програма, со фокус на истражувањето на месечината, пишува Ројтерс. Кина во 2013 го изврши своето прво слетување во месечината без екипаж и очекува да лансира ракети доволно моќни за на крајот на оваа деценија да ги испрати астронаутите на месечината.

„Треба да бидеме многу загрижени поради тоа што Кина слетува на месечината и вели: ‘Сега е наша, а вие тргнете се’“, рече директорот на НАСА, Бил Нелсон, за германскиот весник Билд во саботата.

Шефот на НАСА рече дека кинеската вселенска програма е воена програма и дека Кина на други им ги украла технологијата и идеите.

„Ова не е првпат шефот на НАСА да ги игнорира фактите и неодговорно да зборува за Кина. Американската страна постојано создаваше клеветничка кампања против нормалните и разумните потфати во вселената, а Кина секогаш ја промовираше изградбата на заедничката иднина за човештвото во вселената и се противеше на секоја трка во вооружување во вселената“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи за надворешни работи Жао Лијан.

Како дел од својата програма Артемис НАСА планира во 2024 година да испрати мисија со екипаж во орбитата на месечината и во 2025 година да слета со екипаж во близина на месечинскиот јужен пол.

Оваа деценија Кина планира мисии без екипаж на јужниот пол на месечината, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе