Поранешен ученик во институцијата

Напаѓачот со кукаст крст што уби 15 луѓе во руско училиште бил шизофреник (ВИДЕО)

Вооружен маж со кукаст крст на блузата денеска во училиште во Русија уби 15 лица, меѓу кои 11 деца, а рани 24, па се самоуби, соопштија истражителите. На напаѓачот претходно му била дијагностицирана шизофренија и бил заведен во институција за душевно болни.

Фото: ЕПА

Напаѓачот, маж во раните триесетти, кого властите го именуваа како Артјом Казанцев, уби двајца чувари, а потоа отвори оган врз учениците и наставниците во училиштето број 88 во Ижевск, каде што некогаш бил ученик.

Рускиот истражен комитет, кој ги решава големите злосторства, рече дека ги истражува неонацистичките врски за кои се сомничи сторителот.

„Во моментов истражителите... вршат претрес на неговото живеалиште и ја проучуваат личноста на напаѓачот, неговите ставови и околината“, се вели во соопштението на Комитетот. „Се вршат проверки на неговото прифаќање на неофашистичките ставови и нацистичката идеологија.“

Инспекторите објавија видео на кое се гледа како телото на мажот лежи во училница со превртен мебел и хартии расфрлани на крвавиот под. Облечен е целосно во црно, со црвен кукаст крст во круг исцртан на неговата блуза.

Вознемирувачко видео:

Истражниот комитет соопшти дека од 24-те ранети, сите освен двајца се деца. Регионалниот гувернер Александар Бречалов рече дека хирурзите извршиле голем број операции.

Инспекторите рекоа дека мажот бил вооружен со два пиштоли и големо количество муниција.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека претседателот Владимир Путин „длабоко тагува“ за смртта. Тој го опиша инцидентот како „терористички чин на лице што очигледно ѝ припаѓа на неофашистичка организација или група“.

Тој рече дека по наредба на Путин на местото на пукањето во Ижевск, на околу 970 километри источно од Москва, биле испратени лекари, психолози и неврохирурзи.

Мотивот за пукањето во главниот град на регионот Удмуртија не се знае. На видеата споделени на интернет се гледаат деца како се кријат во училниците и бегаат од зградата додека властите интервенираат.

Напаѓачот имал шизофренија

Рускиот министер за образование Сергеј Кравцов изјави дека на напаѓачот што денеска пукаше во училиште во Ижевск му била дијагностицирана шизофренија, пренесе ТАСС.

„На Артјом Казанцев, кој отвори оган во училиште во Ижевск, претходно му беше дијагностицирана шизофренија“, рече Кравцов, во објава на Министерството за образование поставена на каналот Телеграм.

И гувернерот Бречалов рече дека напаѓачот бил регистриран во установа за „психоневролошки“ третман, пренесе Ројтерс.

Во Русија во последниве години имаше неколку пукања во училишта.

Во мај 2021 година, вооружен тинејџер уби седум деца и двајца возрасни во градот Казан. Во септември минатата година, студент вооружен со ловечка пушка застрела најмалку шест лица на универзитет во градот Перм на Урал.

Во април 2022 година вооружен маж уби две деца и наставник во градинка во централниот регион Уљановск пред да изврши самоубиство.

Во 2018 година, 18-годишен студент уби 20 луѓе, главно соученици, во масовно пукање во универзитет на анектираниот Крим, кој Москва го припои од Украина во 2014 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе