Трамповата администрација спроведува програма на вакцинирање

Највисоките американски функционери меѓу првите ќе добијат пристап до вакцината против ковид-19

На највисоките функционери на американската влада, вклучувајќи ги службениците на Белата куќа што работат во близина на претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, ќе им биде понудена вакцината против коронавирусот оваа недела, додека јавната дистрибуција е ограничена на најизложените здравствени работниците, негувателите и корисниците на домовите за стари лица.

EPA-EFE

Неодамна одобрената вакцина на Фајзер/Бајонтек ќе им биде достапна на сите оние кои се во непосредна близина до шефот на државата, потврдија два извори запознаени со тоа прашање.

Според нив тој потег треба да спречи ширење на ковид-19 во Белата куќа, каде веќе имаше неколку инфицирани, меѓу кои и претседателот Трамп и неколку високи функционери.

Не е јасно колку службеници ќе можат најпрво да се вакцинираат и дали тоа ќе го направат и Трамп и Пенс.

Трамповата администрација спроведува програма за вакцинирање во согласност со владините планови, соопштија изворите.

„Вишите функционери од сите три гранки на власта ќе примат вакцини во согласност со вообичаениот владин протокол воспоставен во извршната политика“, кажа портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Улиот.

Тој додаде дека американскиот народ треба да има доверба дека ја прима истата безбедна и ефикасна вакцина како и високите функционери на владата на Соединетите Американски Држави по совет на експертите за јавно здравство и раководството за национална безбедност.

Според упатствата од Центарот за контрола и превенција на болести, сè уште нема доволно информации за да се утврди дали оние кои имале ковид-19 исто така треба да добијат вакцина.

Пенс не беше заразен со вирусот, а неговите помошници расправаат за тоа кога и каде треба да прими вакцина, додека администрацијата, по сè изгледа, ја зајакнува довербата на јавноста во вакцината.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе