Апел до њујорчани да ги покриваат лицата на улица

Најмногу досега: во САД 1.169 починати од коронавирусот во еден ден

Во Соединетите Американски Држави во последните 24 часа починале 1.169 луѓе, соопшти американскиот Универзитет Џонс Хопкинс и додаде дека тоа е најголемиот број мртви за еден ден во земјата од избивањето на епидемијата.

Вкупно во САД досега од компликации поврзани со вирусот починаа 5.926 лица.

Во САД во последните 24 часа се регистрирани уште 30.000 лица позитивни на коронавирусот, а бројот на заразените се искачи на 243.000.

Епицентарот на заразата е Њујорк, каде што од вирусот досега починаа 1.562 лица.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио синоќа за првпат од избивањето на епидемијата апелираше до њујорчани да го покријат лицето кога излегуваат на улица.

Тој на конференција за новинарите кажа дека граѓаните не мора да имаат професионална маска, но лицето да го покријат со марама или некоја маска која ќе ја направат самите.

„Не сакаме да ги користите маските што им се потребни на здравствените работници, и не е сигурно дека таквите маски ќе бидат достапни во доволно количество до крајот на пандемијата“, кажа Ди Бласио.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе