Најголемиот град на Нов Зеланд оди во карантин поради само еден нов случај на вирусот

Во најголемиот новозеландски град Оукленд повторно ќе се воведува карантин откако денес таму е откриен нов случај на зараза со коронавирусот.

EPA-EFE

Премиерката Жасинда Ардерн свика денес итна прес конференција за да информира за новите рестриктивни мерки за Оукленд по сознанието за новиот случај на зараза.

„Фрустрирачко е, знам дека е“, кажа Ардерн.

Во Оукленд карантин беше воведен на 14 февруари, откако таму беа откриени три случаи на зараза на ковид-19, но рестриктивните мерки беа ублажени само три дена подоцна.

Новиот случај на зараза, кој бил евидентиран денес, сè уште не се поврзува со претходното жариште, но ја приморува владата да воведе повторен карантин, кажа премиерката.

Нов Зеланд е интересен случај со специфичниот начин на кој реагира на пандемијата – дејствува брзо и жестоко. Земјата со околу пет милиони жители досега забележа 2.016 случаи на зараза со коронавирусот и 26 смртни случаи.

Од утре училиштата во Оукленд ќе бидат отворени само за нужно потребните вработени, а останатите компании не смеат да бидат отворени за јавност.

Во останатите делови на Нов Зеланд масовните собирања се ограничени на 100 луѓе и затоа ќе се спроведуваат мерки на физичка дистанца.

Ардерн извести дека новите порестриктивни мерки ќе бидат на сила најмалку една недела.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе