Нагел: Германија во есен ќе се соочи со двоцифрена инфлација

Стапката на инфлација во Германија би можела да достигне двоцифрена вредност во есенските месеци, изјави Јоаким Нагел шефот на централната банка на земјата.

Фото: Архива

„Порастот на цените ќе продолжи да влијае на најголемата европска економија во наредните месеци“

„Додека се истакнуваат владините антиинфлациски мерки, како што се значителното даночно намалувања на бензинот и дизелот и стандардната цена од девет евра за повеќето железнички патувања, стапката на инфлација во Германија сепак би требало да се зголеми за добар процентен поен“, рече Нагел за весникот Рајнише пост.

Сепак, владата планира да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на гасот од 19 на 7 проценти, со цел да им помогне на потрошувачите и да ги ублажи ефектите од дополнителната наплата за гасот, која треба да стапи на сила во октомври.

„Во есенските месеци севкупно можна е инфлација од десет проценти“, прецизира Нагел.

Тој укажа на историските размери на потенцијалните двоцифрени стапки на инфлација во земјата, кои последен пат се забележани пред повеќе од 70 години кога во 1951 година инфлацијата достигна 11 проценти.

„Порастот на цените ќе продолжи да влијае на најголемата европска економија во наредните месеци. Прашањето за инфлацијата нема да исчезне следната година“, смета Нагел.

Европските проценки предвидуваат дека инфлацијата во Германија до крајот на годината ќе надмине осум проценти.

Нагел рече дека очекува стапката на инфлација во земјата да се намали на шест проценти следната година.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе