Над 80 невладини организации побараа Русија да биде исфрлена од УНХЦР

Над 80 хуманитарни организации и невладини организации побараа денес од земјите членки на Обединетите нации да не ѝ го одобрат местото на Русија во Советот за човекови права на ОН (УНХЦР) поради нејзината улога во Сирија.

Невладините организации, меѓу кои Хјуман рајтс воч, Кер интернешнал и Рефјуџис интернешнал ја поднесоа иницијативата само неколку дена пред изборот на 14 од 47-те членки на Советот.

Русија, Хрватска и Унгарија се натепреваруваат за двете места во Советот резервирани за Источна Европа.

Организациите потписнички побараа од земјите членки да размислат дали „поради улогата на Русија во Сирија, која вклучува воени акции во кои рутински се убиваат цивили и се уништуваат цивилни објекти, таа земја е соодветна да биде член на главната институција за човекови права на ОН“, пренесува Франс прес.

Русија во моментов е членка на УНХЦР, но нејзиното членство истекува годинава.

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе

Според моето мислење, нестабилноста ќе биде многу веројатна во Македонија ако Никола Груевски успее да ја поврати моќта, вели Дејвид Б. Канин, бивш разузнавачки аналитичар на ЦИА.

повеќе

Со секој изминат ден Македонија има сè помал број жители: и апсолутно (службената статистика тоа не го покажува) и релативно, во однос на светската популација, што воопшто не може да се сокрие. 

повеќе