На Србија ѝ воведоа санкции на руската нафта, „Хрватите се виновни, Вучиќ жестоко ќе одговори“

Земјите од Европската Унија гласаа за осми пакет санкции против Русија, кој вклучува ограничување на цените на руската нафта што ја извезуваат трети земји. По усвојувањето на оваа одлука, Србија нема да може да увезува нафта од Русија преку Јанаф, што значи дека санкциите воведени кон Москва се префрлени и на Србија, пренесува српска Нова.

Фото: ЕПА

Првобитниот предлог на Европската комисија предвидувал исклучок кога станува збор за снабдување од Јадранскиот гасовод, но на инсистирањето на некои земји-членки на ЕУ тој предлог бил одбиен, бидејќи постои став дека нема оправдување поради кое Србија би била изземена.

„Србија не воведува санкции кон Русија, затоа не треба да има корист од отстапувањето. Другите земји-членки (на ЕУ) се согласија со оваа позиција“, изјави дипломатски извор кој учествуваше во разговорите за новиот пакет санкции, пренесува Радио Слободна Европа.

Ваквата одлука, според режимските медиуми, го шокирала претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој смета, како што се наведува, дека Хрватска е најодговорна за блокадата што ѝ е наметната на Србија.

Според најавите, Вучиќ треба да се огласи по овој повод, а главната причина поради која српскиот претседател е незадоволен од одлуката на ЕУ е тоа што Бугарија, каде што работи рускиот Лукоил, доби привилегирана позиција, односно изземање.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ зборувајќи за воведувањето санкции против Србија, рече дека оваа одлука променила сѐ.

„Зборував дека претседателот ќе биде под огромен притисок. Денеска по оваа срамна одлука на Европската унија, Вучиќ ќе даде жесток одговор на санкциите на кои инсистираше Хрватска, да исклучат некои членки на Унијата од пакетот санкции, но на експлицитно барање на Хрватска тоа да ѝ го прават на Србија. Стотици милиони евра ѝ избиваат од џебот на нашата земја“, изјави Ана Брнабиќ на телевизија Хепи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе