На протестите во Бејрут убиен полицаец, премиерот повика на предвремени избори (ВИДЕО)

Либански полицаец е убиен денес во судирите со демонстрантите во центарот на Бејрут, изјави портпаролот на полицијата, по жестоките судири меѓу полицијата и граѓаните разбеснети од страшната експлозија во вторникот во која загинаа најмалку 158 лица. Премиерот на Либан најави дека ќе предложи предвремени избори во земјата, откако експлозијата ја продлабочи кризата.

Фото: ЕПА

 

Повеќе од 100 лица досега се повредени во протестите против владата, а десетици завршија во болница.

Полицијата потврди дека имало и престрелки, но не е јасно кој пукал.

Десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи, каде што го запалија портретот на претседателот Мишел Аун, за кој многумина сметаат дека е претставник на политичката класа што со децении владее во земјата и кого го обвинуваат за длабоката политичка и економска криза.

Помеѓу пет и седум илјади луѓе излегоа на улиците кога избувна насилството. Полициските вооружени сили фрлаа солзавец кон демонстрантите, кои ги гаѓаа со камења.

Премиерот Хасан Диаб во телевизиско обраќање до граѓаните рече дека ќе бара предвремени избори и ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и да работат заедно.

Тој додаде дека е подготвен да остане на функцијата наредните два месеца, за да им даде време на политичарите да спроведат структурни реформи.

„Не можеме да излеземе од оваа криза без предвремени избори“, рече тој, додавајќи дека тој не е виновен за големите економски и политички проблеми.

Демонстрантите за време на протестите наречени „Судниот ден“ креваа лажни бесилки, кои станаа главен симбол на демонстрациите, со кои се повикуваат властите да преземат одговорност за експлозијата, корупцијата и лошото управување на земјата.

Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот денеска се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство. 21 лице се водат како исчезнати.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе