Се предвидува дека вкупната излезност ќе биде околу 150 милиони

На изборите веќе излегоа 60 милиони Американци, соборен рекорд

Повеќе од 60 милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори во САД осум дена пред одржувањето, рекорден број што е показател за потенцијално најголемата излезност во историјата на САД.

Тој број е последен знак за големата ангажираност на американските гласачи во борбата меѓу републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден, како и нивната решеност да се минимизира ризикот од изложеност на коронавирус, кој во САД однесе повеќе од 225.000 животи.

Демократите имаат значителна предност во предвремените гласови, републиканците помалку гласале однапред затоа што американскиот претседател повеќе пати изјави дека системот со испраќање гласови е подложен на измами.

Врз основа на тој голем број, политикологот од Универзитетот во Флорида, Мајкл Мекдоналд, проект-менаџер на Изборниот проект на САД предвидува дека вкупната излезност на изборите ќе биде околу 150 милиони, што претставува 65 проценти од оние со право на глас и најголем број од 1908 година.

Американските гласачи оваа година веќе претходно гласале во поголем број отколку во целата 2016 година.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе