Судењето би можело да продолжи во октомври

На Хрватот обвинет дека е платеник на Киев му се заканува смртна казна во Доњецк

На Хрватот Вјекослав Пребег, кој бунтовничкиот суд на истокот на Украина го обвини дека е платеник на Киев, му се заканува смртна казна, објавија руските медиуми.

EPA-EFE

Судот о прорускиот регион Доњецк на истокот на Украина ги обвини Пребег и уште четворица странски државјани дека како платеници се бореле на украинска страна.

На тројца, вклучувајќи го Пребег, им се заканува смртна казна. Другите двајца се Британецот Џон Хардинг и Швеѓанецот Матијас Густафсон.

Сите тројца се уапсени во и околу градот Мариупол.

Повикувајќи се на судијата, руската агенција ТАСС наведува дека судењето би можело да продолжи на почетокот на октомври.

Хрватска претходно најстрого го осуди обвинението на Народна Република Доњецк против Пребег, притворен во самопрогласената република.

Официјален Загреб „го отфрла обвинението и не го смета за основано и легално, бидејќи е спротивно на меѓународното право и меѓународните конвенции за постапување со заробените цивили и воените заробеници“, соопшти хрватското министерство за надворешни и европски работи претходно месецов.

Соопштија и дека се во постојан контакт со украинските власти и други партнери за да се разјасни случајот и да се ослободи Пребег, како и дека се во контакт со неговото семејство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе