На десетици илјади деца во Африка им се заканува смрт

Околу 400.000 деца помлади од 15 години се носители на вирусот ХИВ во западна и централна Африка, но не примаат антиретровирусна (АРВ) терапија поради недостигот од тестирања и стигмата што ја следи оваа болест, објави Уницеф предупредувајќи дека десетици илјади би можеле да умрат во следните години.

Без тестирања и АРВ, половина од родените со ХИВ, кој ја предизвикува болеста сида, ќе умрат пред да наполнат две години, а три четвртини од нив пред петтиот роденден, тврдат експертите.

Поради ограничените тестирања може да не се реализира кампањата на организацијата УНАИДС (програмата за сида на ОН) до 2020 година да се обезбеди примање лекови за сите носители на ХИВ.

УНАИДС истакнува дкеа во 2015 за првпат во историјата на епидемијата на ХИВ во западна и централна Африка имала најголем број нови зарази меѓу децата – дури 66.000 или 45 отсто од вкупно 150.000 забележани во светот.

Само половина од жените во тој регион минале низ програмата за превенција на пренесувањето на вирусот од мајката на детето поради што децата се изложени на поголем ризик од зараза со ХИВ за време на бременоста, раѓањето и доењето.

Малиот број тестирања во локалните болници и центрите за примарна здравствена заштита значи дека во западна и централна Африка просечно само едно од седум деца се тестира за ХИВ во првите два месеци од животот.

„Мајките едноставно му кажуваат на медицинскиот персонал „Ние не сакаме да бидеме ХИВ семејство““, вели Жил ван Кутсем, експерт за ХИВ во организацијата Лекари без граници.

Околу 36,7 милиони луѓе во светот се носители на вирусот ХИВ кој се пренесува преку крв, телесни течности и мајчино млеко. Само половина од тој број има пристап до лекување, а многумина не знаат дека се носители на вирусот.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе