Москва тврди дека убила 600 украински војници и уништила системи ХИМАРС

Руската војска соопшти дека убила околу 600 украински војници и припадници на нивните платенички одреди за време на неодамнешните воздушни и артилериски напади во јужниот регион Херсон и блискиот Дњепропетровск.

EPA-EFE

„Во близина на селото Белогорка во регионот Херсон, со воздушни напади и артилериски оган е погодена привремена локација на 46-тата украинска воздушна бригада“, кажа денес портпаролот на руското министерство за одбрана Игро Конашенков.

Над 400 украински војници биле убиени во нападот на привремената база, а уште 70 војници се убиени и 150 се ранети во ракетни напади на други места на фронтот во регионот Херсон, кажа Конашенков.

Над 80 „странски платеници“ загинале во ракетни напади во регионот Дњепропетровск.

Конашенков кажа дека се уништени неколку артилериски системи во изминатиот ден во регионот на Харков, вклучувајќи и напредни артилериски ракетни системи ХИМАРС, кои Киев ги добива од САД.

Москва јави дека руските сили уништиле вакви ракетни системи неколку пати претходно, што Киев и Вашингтон го негираа.

Објавените руски информации не се независно потврдени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе