Москва соопшти дека руски бомбардери патролирале над Јапонското Море

Руското министерство за одбрана објави дека два руски стратегиски бомбардери патролирале над неутралните води на Јапонското Море, пренесуваат руските новински агенции, додека Јужна Кореја соопшти дека бомбардерите денес влегле во зоната на идентификација на противвоздушната одбрана.

EPA-EFE

Летовите траеле околу седум часа, а руските авиони ги следеле јужнокорејски Ф-16 во некои делови од рутата, соопшти руското министерство. Јужнокорејската војска соопшти дека руски воени авиони влегле во нејзината зона на идентификација на противвоздушната одбрана па презела вообичаени тактички мерки, без детали.

Руски и кинески авиони често влегуваат во таа зона во последните години во ек на контрадикторни тврдења за различните зони. За разлика од воздушниот простор, зоната на идентификација претставува подрачје во кое земјите можат еднострано да бараат странски авиони да преземат посебни чекори за да се идентификуваат.

Русија не ја признава зоната на идентификација на Јужна Кореја. Кина тврди дека тоа подрачје не е ничиј воздушен простор и дека сите земји треба да имаат слобода на движење во него.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе