Москва: САД признаа дека изнесувале биолошки материјал од Украина

Американската делегација во Женева признала дека во Украина биле вршени биолошки истражувања на сиромашните граѓани и пациентите во психијатриските болници, изјави денес началникот за радијациска, хемиска и биолошка заштита на оружените сили на Русија генерал-потполковникот Игор Кирилов.

EPA-EFE

„Објаснувањата на Соединетите Американски Држави и Украина во врска со отстранувањето на соевите и биоматеријалите на украинските граѓани и почитувањето на етичките стандарди при спроведувањето истражувања на граѓаните со ниски примања, како и на една од најзагрозените категории на населението – пациентите во психијатриските болници, изгледаа крајно неуверливо“, кажа Кирилов на брифинг по консултативниот состанок на државите потписнички на Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсичното оружје во Женева.

Според него, „американската делегација ги призна таквите факти“, оградувајќи дека се дека испраќањето примероци од патогени биоматеријали во САД „било реткост“.

Во соопштението на министерството за одбрана на Руската Федерација се наведува дека руската делегација во Женева претставила нови материјални докази за воено-биолошките активности на САД во Украина и дека „ниедна делегација не се посомневала во нивната автентичност“.

„На учесниците на состанокот им се предадени копии од документите кои претходно ги објави министерството за одбрана на Русија, како и материјални докази кои го потврдуваат спроведувањето на воени-биолошки програми на територијата на Украина“, се наведува во соопштението.

Како што кажа генералот Кирилов, претставниците на Украина ги игнорирале прашањата за складирање опасни биолошки агенси во Институтот за борба против чумата „Мечников“.

Рускиот генерал предупреди дека „во Институтот Мечников опасни материјали се складираат на скалите, без валиден систем за контрола на пристапот до патогени микроорганизми“.

Кирилов тврди дека САД го јакнат својот воено-биолошки потенцијал со изградба на лаборатории во странски држави и со собирање соеви особено опасни микроорганизми под маската на членот 10 на Конвенцијата за забрана на биолошко и токсично оружје кој се однесува на меѓународната соработка и размена на информации во мирољубиви цели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе