Според еден од преговарачите

Москва размислува да ги замени борците од Азов за Путиновиот сојузник Медведчук

Москва ќе ја разгледа можноста за размена на затворениците од украинскиот баталјон Азов за Виктор Медведчук, богат украински бизнисмен близок до претседателот Владимир Путин, изјави во саботата руски преговарач.

„Ќе ја проучуваме можноста“, рече Леонид Слуцки, висок член на рускиот преговарачки тим за Украина, говорејќи од сепаратистичкиот град Доњецк во југоисточна Украина, пренесе новинската агенција РИА новости.

Медведчук (67) е политичар и еден од најбогатите луѓе во Украина и е познат по блиските врски со Путин.

Кога почна руската инвазија на Украина во февруари, тој избега од домашен притвор, но повторно беше уапсен во средината на април.

Во петокот руската армија објави дека последните борци од стратегискиот пристаништен град Мариупол, во југоисточна Украина, се предале откако со недели се држеа во челичарницата Азовстал.

Меѓу украинските борци што им се предадоа на руските војници беа членови на полкот Азов, поранешна паравоена единица што се интегрираше во украинските вооружени сили.

Русија ја опишува единицата, која има претходни врски со екстремно десничарските групи, како неонацистичка организација, вели Москва тајмс.

На 26 мај, рускиот Врховен суд треба да го разгледа барањето за класификација на полкот Азов како „терористичка организација“, што може да ја искомплицира размената на овие затвореници.

Денис Пушилин, водачот на сепаратистите од Доњецк, во саботата изјави дека на украинските војници што ја бранеле фабриката Азовстал треба да им се суди.

„Верувам дека правниот случај е неизбежен: правдата мора да надвладее“, рече Пушилин, цитиран од Риа новости, на истата прес-конференција на која зборуваше Слуцки.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе