„Ние сме против таквите непазарни инструменти бидејќи таквите преседани се многу штетни за пазарот на енергенси. Тоа само доведува до дефицит и осцилации на цените. Доколку ваквиот механизам биде воведен цената ќе ја платат потрошувачите“, кажа Новак на прес-конференција.
Тој ги предупреди земјите кои планираат да воведат горна граница за цената на руската нафта дека за Русија е прифатливо да им испорачува нафта само на оние купувачи кои ги поддржуваат пазарните механизми во одредувањето на цената на нафтата, пренесува ТАСС.