Москва: Нема нафта за оние кои одредуваат горна граница на цената

Русија нема намера да им испорачува нафта на потрошувачите кои одредуваат горна граница на цената за руската нафта, изјави потпретседателот на руската влада Александар Новак.

EPA-EFE

„Ние сме против таквите непазарни инструменти бидејќи таквите преседани се многу штетни за пазарот на енергенси. Тоа само доведува до дефицит и осцилации на цените. Доколку ваквиот механизам биде воведен цената ќе ја платат потрошувачите“, кажа Новак на прес-конференција.

Тој ги предупреди земјите кои планираат да воведат горна граница за цената на руската нафта дека за Русија е прифатливо да им испорачува нафта само на оние купувачи кои ги поддржуваат пазарните механизми во одредувањето на цената на нафтата, пренесува ТАСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе