Москва: Исфрлање на Русија од ОН е невозможно и опасно

Идејата на некои земји за исфрлање на Русија од Советот за безбедност на обединетите нации е невозможна, порача денес заменик министерот за надворешни работи Сергеј Вершињин на конференција за медиумите.

EPA-EFE

Иницијативата на Русија да ѝ се одземе постојаното членство во Советот за безбедност и во Генералното собрание на ОН е нереална, оцени Вершињин и додаде дека така „лошо замислените идеи“ главно ги застапува Украина.

Тој таквата идеја ја оцени како „непромислена и опасна“.

Постојаниот претставник на Украина во ОН Сергеј Кислица на почетокот на годината бараше Русија да се исфрли од Советот за безбедност на ОН, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до Генералното собрание на ОН минатиот месец праша зошто Русија и понатаму има право на вето во Советот за безбедност. Тој оцени дека со агресијата на Украина Русија ја прекршила Повелбата на Обединетите нации, и дека нејзиното присуство во Советот за безбедност ја изгубило правната основа.

Вашингтон и Брисел ја поддржуваат оваа иницијатива.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе