Внимателно ги бираат земјите

Москва ги предупреди руските туристи на епидемиолошката ситуација во Црна Гора

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова ги предупреди руските граѓани дека во Црна Гора и понатаму е на сила епидемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Во Црна Гора од 7 август е на сила либерализација на режимот за влез за руските државјани.

„Јасно е дека воведената либерализација го одразува напорот на црногорските власти на кој било начин да ги компензираат колосалните загуби на туристичкиот бизнис. Русите со години беа речиси основниот контингент на гости на Црна Гора“, кажа Захарова.

Таа ги предупреди руските туристи дека треба да ја имаат предвид епидемиолошката ситуација во Црна Гора и дека „рецидивите од масовната инфекција“ не се поминати.

Таа стакна дека Русија многу внимателно ги одбира земјите кон кои се отвора авионскиот сообраќај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе