Москва: Британците учествувале во саботажата на гасоводот. Тоа не може да остане неодговорено

Русија денес соопшти дека размислува кои понатамошни чекори ќе ги преземе во контекст на тврдењето дека Британија учествувала во саботажата на гасоводот Северен тек.

EPA-EFE

Руското министерство за одбрана во саботата објави дека екипаж на британската морнарица во септември го саботирала гасоводот под Балтичкото Море, што официјален Лондон го негира и тврди дека со тоа се сака да се одврати вниманието од „руските воени неуспеси во Украина“.

„Постојат докази дека Британија е вмешана во саботажата, во терористичкиот чин против клучната енергетска инфраструктура“, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Таквите акции не можат да се остават неодговорени. Нормално, ќе размислиме за понатамошните чекори. Дефинитивно нема да остане на ова“, истакна Песков.

Кремљ не даде никакви докази со кои би ги поткрепил тврдењата за тоа дека во саботажата на Северен тек учествувала и Британија.

Поради експлозиите и напукнувањата постоеше можност трајно да биде оневозможен повеќе милијарди евра вредниот гасовод. Кремљ соопшти и дека засега не е донесена одлука дали треба да се поправат двата крака на гасоводот.

Данските и шведските власти, во чии територијални води се случија експлозиите, заклучија дека истекувањето на гасот е предизвикано од саботажа, но не кажаа кој е одговорен за тоа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе