Фото: ЕПА
Обвинението доведе до ескалација на спорот во односите меѓу двете земји поради ненадејното откажување на договорот со Франција, потсетува Ројтерс.
Австралискиот вицепремиер Барнаби Џојс сугерираше дека Франција реагирала претерано.
„Па не украдовме некој остров, ниту ја уништивме Ајфеловата кула, тоа беше договор“, изјави денеска Џојс.
„Договорите имаат одредби и услови, а еден од тие услови и предлози е да можете да излезете од договорот. Излеговме од тој договор“, додаде Џојс.
Австралија во септември се повлече од петгодишниот договор од 66 милиони американски долари со мнозински државната француска компанија Навал груп за производство на 12 конвенционални дизел-електрични подморници.
Наместо тоа, Австралија склучи сојуз со Велика Британија и Соединетите Држави со цел да преземе флота од осум подморници на нуклеарен погон направени со помош на американската технологија.
Макрон вчера во Рим, каде што тој и Морисон присуствуваа на самитот на Групата 20, им рече на австралиските новинари дека новата алијанса е „многу лоша вест за кредибилитетот на Австралија и многу лоша вест за довербата што големите партнери можат да ја имаат во Австралија“.
Запрашан од новинарите дали мисли дека Морисон го лажел, Макрон одговори: „Не мислам, знам“.
Морисон рече дека не го лажел Макрон, додека високи министри во австралиската влада го критикуваа францускиот лидер дека го разгорува спорот со лични навреди.