Полскиот премиер со писмо до европските лидери

Моравјецки: Опасна централизација на ЕУ

Полска е лојална членка на Европската Унија, но се противи на претераната централизација на моќта, наведе премиерот Матеуш Моравјецки во писмо до останатите европски лидери среде сè подлабокиот спор околу владеењето на правото.

EPA-EFE

Брисел веќе подолго време тврди дека реформите кои ги воведе полската десничарска влада ја поткопуваат независноста на правосудството, но спорот ескалираше месецов кога полскиот уставен суд ги доведе во прашање основите на интеграцијата во ЕУ пресудувајќи дека делови од европските договори не се компатибилни со уставот.

Тоа поттикна муабети за можен „полегзит“, но Моравјецки кажа дека неговата влада нема намера да го следи примерот на Британија и да ја изнесе Полска од ЕУ.

„Сакам да ве уверам дека Полска останува лојална членка на Европската Унија“, напиша тој во писмото, објавено вчера на сајтот на полската влада.

Меѓутоа, Моравјецки предупреди на „опасниот феномен кој се заканува на иднината на нашата унија“. „Мислам на постепената трансформација на нашата Унија во ентитет кој би престанал да биде сојуз на слободни, еднакви и суверени држави – и би станал централизиран организам со кој управуваат институции лишени од демократската контрола на европските граѓани“.

Моравјецки исто така наведе дека полскиот уставен суд не направил ништо поинакво во однос на сличните судови во други држави на ЕУ кои исто така се судриле со ЕУ и Европскиот суд на правдата.

Моравјецки ги повика колегите да избегнат судир околу владеењето на правото. „На јазик на финансиски уцени, казни, изгладнување на подредените држави, недемократски и централизирани притисоци нема место во европската политика“, кажа тој додавајќи дека „Полска е спремна на дијалог... во духот на обостраната почит и без притисоци да се откажеме од нашите национални надлежности“.

Како показател дека Варшава не планира да се повлече во спорот со Брисел, министерот за правда Жбигњев Зјобро, човекот кој стои зад промените на правосудниот систем, вчера кажа дека ќе бара од полската влада да поднесе тужба пред Европскиот суд на правдата против Германија поради кршење на договорот на ЕУ со политизација на правосудството. Тој тврди дека Германија е виновна за истото нешто за кое е обвинета Полска – дека политичари ги бираат судиите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе