Момче дошета до папата додека тој зборуваше за дијалогот меѓу младите и старите (ВИДЕО)

Папата Франциско беше воодушевен од едно момче што денеска дошета до него за време на општата аудиенција, на која зборуваше за важноста на дијалогот меѓу младите и старите.

Фото: ЕПА

„Како се викаш? Дали ти се допаѓа да стоиш овде?“, го праша папата малото момче што стоеше до него. Но момчето не му одговори, само некое време стоеше до папата.

„Малиот е храбар“, рече со насмевка Франциско, особено со оглед на фактот дека штотуку зборуваше за важноста на дијалогот меѓу младите и постарите.

Покрај момчето на сцената, вниманието на присутните го привлече и припадник на швајцарската гарда, кој падна во несвест.

Во преносот на Ватикан њуз може да се забележат високи функционери на Ватикан како брзаат да му помогнат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе