Против новото намалување на платите и пензиите

Молотови коктели и солзавец на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина (ВИДЕО)

Во Атина денес избија судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против новите мерки на штедење кои на барање на странските кредитори денес ги разгледува грчкиот парламент, и тоа во атмосфера на генерален штрајк кој ја парализираше земјата.

Групи демонстранти се судрија со полицијата по завршувањето на протестот на кој имаше околу 12.000 луѓе. Тие фрлаа Молотови коктели врз полицијата која возврати со солзавец.

На вториот, вечерен протест пред грчкиот парламент демонстрираа над 3.000 полицајци, пожарникари и припадници на крајбрежната стража, гневни поради најавеното намалување на платите. Дел од нив се обидоа да се пробијат во зградата на парламентот.

Новите мерки за „стегање на ременот’ вклучуваат уште едно намалување на платите и пензиите и зголемување на даноците, што го прифати коалициската влада на Алексис Ципрас за да добие нов заем од меѓународните кредитори.

Денес во центарот на Атина беа одржани повеќе протестни собири со илјадници луѓе, кои не сакаат да прифатат ново намалување на платите и пензиите, а една од синдикалните пароли беше „Не за новиот грабеж на платите и пензиите“.

Полициските синдикалци закачија голем црн транспарент во центарот на Атина, видлив од парламентот, на кој на грчки и германски јазик пишуваше „Колку вреди животот на грчкиот полицаец?“

Поради генералниот штрајк јавните болници денес пружаа само итна помош, возовите и бродовите не сообраќаа, како ни автобусите, тролејбусите, метрото и трамваите во Атина.

Судовите исто така не работеа, а не работа ни адвокатите ни нотарите.

Грција преживува од меѓународна помош од 2010 година. за да добие средства мораше да ги намали платите, да ги зголеми даноците и да спроведе реформи за зголемување на буџетските приходи, но продлабочената рецесија збриша четвртина од економијата, додека секој четврти вработен остана без работа.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе