Многу руски војници на границата, Украина вели дека во јануари е можен руски напад

Русија распоредила повеќе од 94.000 војници во близина на границата со Украина и можеби подготвува голема воена офанзива кон крајот на јануари, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, цитирајќи разузнавачки извештаи.

Резников рече дека Украина нема да направи ништо што би можело да предизвика таков развој на настаните, но дека е подготвена да се одбрани доколку Русија изврши напад.

„Нашите разузнавачки служби ги анализираат сите сценарија, вклучително и најлошото. Тие посочија дека постои можност за голема ескалација од страна на Русија. Најверојатната временска рамка да биде целосно подготвена за ескалација на состојбата е крајот на јануари“, рече Резников.

Украина крена тревога бидејќи во последните недели се забележани „големи и невообичаени“ движења на руски војници на нејзината граница, а министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеб драматично изјави дека „она што сега го гледаме долж границата не е само воено засилување, бидејќи Русија пролетва доведе армада на нашата граница и оттогаш ја нема повлечено“.

Украина и сојузниците во НАТО се загрижени дека конфликтот во источна Украина може да прерасне во вистинска војна.

Киев врши притисок врз ЕУ и НАТО да подготват пакет остри санкции за да ја обесхрабрат Русија да почне офанзива.

„Ескалацијата е веројатно сценарио, но тоа не е неизбежно и наша задача е да го спречиме. Мораме цената на ескалацијата да ја направиме неприфатлива за агресорот“, рече Резников.

Кремљ на изјавите на Киев одговори обвинувајќи ја Украина дека нејзината прокламирана цел - враќање на Крим под своја контрола – претставува „директна закана“ за Русија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја осуди „агресивната реторика“ на украинските власти, не исклучувајќи воена операција на Киев на истокот на земјата.

Москва решително ги отфрла обвинувањата дека е воено настроена и за возврат ја обвинува Украина дека претставува „закана“ за Русија и дека НАТО сака да се прошири до нејзините граници.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина и ја повика да најде дипломатски начин за излез од кризата.

Лавров, од друга страна, му рекол на Блинкен дека Москва ќе одговори доколку Украина биде вовлечена во американските „геополитички игри“.

Блинкен, исто така, рече дека има добри шанси наскоро да се одржи средба меѓу двајцата претседатели, Џо Бајден и Владимир Путин.

Кремљ вчера потврди дека се во тек подготовките за нивниот разговор преку видеоповик.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе