Министрите на ЕУ постигнаа договор за намалување на потрошувачката на електрична енергија

Производителите на нуклеарна и обновлива електрична енергија, како и оние кои користат јаглен и имаат корист од сегашните високи цени, ќе бидат ограничени на 180 евра за мегават час.

Фото: ЕПА

Министрите за енергетика на Европската унија договорија пакет мерки за помош во енергетската криза и постигнаа договор за намалување на потрошувачката на електрична енергија за пет проценти во периодот од денот кога се троши најмногу.

Одлуката е донесена врз основа на предлогот на Европската комисија.

Тие прифатија и општо намалување на потрошувачката на електрична енергија од десет проценти, што е на доброволна основа, пренесува Танјуг.

Министрите на ЕУ, исто така, се согласија да го прераспределат вишокот приход од енергетскиот сектор на крајните потрошувачи.

Одлуката за намалување на потрошувачката на електрична енергија е обврска што треба да се реализира преку управувањето со побарувачката на електрична енергија.

Големите потрошувачи кои ќе го прифатат ова ќе добијат субвенции и треба да ја ограничат побарувачката во моменти кога цените се премногу високи.

Чешкиот министер за индустрија и трговија, Јозеф Сикела, кој ја водеше средбата изјави дека постигнатиот договор ќе донесе олеснување за граѓаните и бизнисите со намалување на побарувачката на електрична енергија, како и дека земјите-членки ќе го прераспределат вишокот приход од енергетскиот сектор на оние кои се борат да си ги платат сметките.

Министрите потврдија и два механизми за прибирање на вишокот профит на енергетските компании.

Производителите на нуклеарна и обновлива електрична енергија, како и оние кои користат јаглен и имаат корист од сегашните високи цени, ќе имаат ограничена цена на 180 евра за мегават час.

Како што е објаснето, приходите што го надминуваат овој плафон ќе се сметаат за вишок профит, а земјите-членки можат да ги прераспределат овие приходи на крајните потрошувачи, домаќинствата и деловните субјекти кои се соочуваат со огромни сметки за енергија.

Земјите-членки, исто така, се согласија да утврдат задолжителен привремен солидарен придонес за приходите на компаниите активни во секторите на сурова нафта, природниот гас, јагленот и рафинеријата.

Овој придонес ќе се применува за приход што надминува 120 проценти од просечната добивка за последните четири фискални години.

Овој придонес мора да изнесува најмалку 33 проценти, а собраните пари да се насочат за поддршка на мерките за најранливите крајни потрошувачи.

Министрите разговарале и за ограничување на цените на бензинот, што го побарале 15 земји-членки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе