Ганц смета дека западните сојузници „сега се дојдени до точка кога воена акција против Иран е неопходна“.
„Израел е спремен да го нападне Иран. Дојдовме до точка кога е неопходна воена акција против Иран. Светот мора да преземе акција против Техеран сега“, кажа Ганц за израелскиот портал Инет.
Агенциите пренесуваат дека неговите изјави изгледаат како обид да се притиснат САД и Британија да заземат поцврст став кон Иран, кој ќе ги надмине дипломатските протести и санкциите.
Израелското воено воздухопловство ноќта меѓу средата и четвртокот изврши воздушни напади врз Либан, за првпат во седум години, во знак на одмазда поради неколкуте ракети кои беа испукани вдолж израелската граница.
Либан ги осуди нападите и ги нарече ескалација, додека мировните сили на Обединетите нации повикаа на воздржаност.
„Претходно во текот на денот ракети беа испукани од Либан врз Израел. За возврат, наши борбени авиони ги нападнаа местата од каде се лансирани ракетите, како и инфраструктурата користена за нападот“, наведе израелската војска на Твитер.






