Ферстапен стартуваше од четвртата позиција, но по неколку круга го презема првото место, а потоа создаде голема предност пред конкурентите и рутински триумфираше.
На второто место се најде Луис Хамилтон од Мерцедес, а последното на пиедесталот беше за Серхио Перез од Ред Бул.
Бодови освоија уште и Леклер, Саинц, Норис, Пјастри и Расел.
Денеска се возат и квалификациите за главната трка која на програмата е утре.