Градот во пламен

Минеаполис гори поради смртта на црнецот под коленото на полицаец (ФОТО+ВИДЕО)

Насилни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициско апсење го тресат американскиот град Минеаполис веќе трет ден.

EPA-EFE

Гневната толпа ограбува продавници, пали огнови и остава километри пустош и разурнување зад себе.

Градоначалникот Џејкоб Фреј побара од гувернерот на државата Минесота да ги испрати воените трупи на Националната гарда.

Протестите кои почнаа во вторникот траат и денес, и се најразорни од смртта на Флојд, кој беше снимен како се задушува додека за време на приведување полицаец со колено му го стиска вратот речиси пет минути. На снимката се слуша како Флојд го моли полицаецот да го попушти притисокот и кажува дека не може да дише и престанува да зборува и мрда.

Градоначалникот замоли за мир и напиша на Твитер: „Те молам Минеаполис не можеме да дозволиме една трагедија да донесе други трагедии“.

Дел од граѓаните, иако ги поддржуваат протестите против полициската бруталност, одлучиле вооружени да ги заштитат локалните продавници.

Гувернерот на Минесота Тим Волц синоќа на својот профил на Твитер порача дека протестот се развил во „екстремно опасна ситуација“.

Претходно во текот на денот демонстранти отидоа до куќата на полицаецот кој го уби Флојд и на тротоарот пред неговата куќа напишаа „Убиец“.

Поради демонстрантите, пред неговата куќа има и голем број полицајци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе