Тој порача и дека хрватскиот министер за одбрана не е лицето кое на претседателот на државата му испраќа такво барање, пренесува Танјуг.
„Не се стекнати условите за разгледување на дописот на министерот за одбрана со кој се бара претходна согласност на претседателот на Републиката за учество на припадниците на Оружените сили на Хрватска во мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина (ЕУМАМ)“, соопшти кабинетот на Милановиќ.
Станува збор за согласноста за учество на хрватските војници во мисијата на ЕУ според која припадници на хрватските оружени сили би требало да пружат помош во обуката на украинските војници.
Од Кабинетот потврдија дека Милановиќ го примил дописот на министерот за одбрана Марио Баножиќ со кој се бара негова претходна согласност за „Нацрт предлогот за одлука на Хрватскиот сабор за учество на припадниците на Оружените сили на Хрватска во ЕУМАМ“.
Милановиќ, како што се наведува, одбил да даде согласност со опширно објаснување, меѓу другото и дека Баножиќ не е овластен да бара негова согласност.
„Имајќи го предвид оправдано големиот интерес на хрватската јавност за најавеното учество на Оружените сили на Хрватска во ЕУМАМ, со нејасни и необјаснети околности за учеството во мисијата, Кабинетот на претседателот на Републиката известува дека дописот на министерот е несоодветен за постапување на претседателот на Хрватска“, се наведува во соопштението.