Хрватскиот претседател

Милановиќ: Нема да дозволам обука на Украинци

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес одговараше на прашања на новинарите и го коментираше обучувањето на украинските војници.

EPA-EFE

„Нема да дадам согласност. Отиде горе (хрватскиот министер за одбрана Гордан Грлиќ Радман во Брисел) без каква било моја претходна согласност. Доста е од заминување на министрите на (хрватскиот премиер Андреј) Пленковиќ во Брисел без претходна согласност на врховниот командант, тоа така не може“, кажа Милановиќ, додавајќи дека тоа е многу лошо.

„Човекот отиде горе и презема во име на Хрватска категорична обврска и го прекрши уставот. Нека оди работата во парламентот, ако две третини така одлучат, јас ќе се согласам со тоа. Но зошто мораме да се доведеме во таква ситуација?

Имаме работа со обични селски насилници кои нè доведуваат пред свршен чин. Тоа испраќа катастрофална слика за Хрватска, токму таква какви што се тие луѓе кои таму нè претставуваат“, кажа хрватскиот претседател.

„Грлиќ Радман кој е никој и ништо, Пленковиќ е битен тука, отиде, се турна во првиот ред како некој мал приглупав полтрон, ги крена прстињата „ние први, ние први“. Тоа што го направија господата од владата, отидоа во Брисел и без каков било договор со претседателот на РХ кажаа став – тоа така нема повеќе да оди. Никогаш нема да се научат на ред бидејќи се насилници. Но секоја сила има контрасила“, кажа Милановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе