На самитот на Алијансата на крајот на мај

Милановиќ најави вето во случај на покана на Финска и Шведска за влез во НАТО

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави денес во Вуковар дека на претстојниот самит на НАТО ќе стави вето на повикот на Финска и Шведска да станат членки на воениот пакт, предупредувајќи ја владата на премиерот Андреј Пленковиќ дека ќе „изврши чин на предавство“ ако се согласи на тоа без промена на изборниот закон во БиХ.

EPA-EFE

По свечената седница на Градскиот совет по повод Денот на Вуковар, Милановиќ, кој заговара блокирање на пристапот на Шведска и Финска во НАТО додека не биде изменет изборниот закон во БиХ во корист на Хрватите, кажа дека како претставник на Хрватска на самитот ќе стави вето на испраќањето покана на Финска и Шведска, но додаде дека тоа би можел да го направи хрватскиот амбасадор, соопшти кабинетот на Милановиќ.

„Не сум сигурен дека можам да го натерам хрватскиот амбасадор да го заземе мојот став на Советот на амбасадори, кој исто така може да упати повик. Тој би морал да биде неутрален. Тогаш владата ќе мора да каже дека таа е апсолутно и безусловно за тие држави да бидат повикани во НАТО, без решавање на хрватскиот проблем (во БиХ). Тогаш тоа е предавство. Тогаш знаеме на што сме“, кажа Милановиќ.

Додаде дека Хрватска е „модерна самостојна земја која мисли со своја глава“.

„Ако Кипар може да стави вето на санкциите на (белорускиот лидер Александар) Лукашенко додека не биде решен проблемот со Турција околу експлоатацијата на гасот, зошто Хрватска не би можела ова да го направи“, праша Милановиќ.

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ вчера го обвини Милановиќ дека со заговарање блокада на пристапот на Шведска и Финска во НАТО додека не биде променет изборниот закон во БиХ ги застапува проруските ставови и ѝ прави штета на Хрватска на меѓународен план и на Хрватите во БиХ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе