Тој кажа дека не ја поддржува таа идеја затоа што не поддржува „вплеткување на Хрватска во оваа војна повеќе од што треба“.
„Коректни сме, солидарни и повеќе од тоа не. Како врховен командант нема да го одобрам тоа. Не го слушнав предлогот, но однапред кажувам дека тоа не ми се допаѓа, тоа е увезување на војната во Хрватска“, порача Милановиќ.
„Однапред велам да не влегуваме во тоа, а за сè што мислиме да донираме – на тоа немам влијание. Тоа се материјални средства, тоа го одредува владата. Тоа го поддржувам сако ако многу јасно добиеме заменски средства“, кажа Милановиќ.
Тој кажа дека не може да го поддржи „лишувањето на крвотокот на хрватската одбрана“.
„Хрватска е на првото место, потоа долго ништо, па потоа НАТО и останатите“, наведе Милановиќ.