„Таму се води војна меѓу Америка и Русија. Меѓу Русија и Украина јас сум на страната на Украина, нормално. Но тоа е војна меѓу Америка и Русија“, кажа Милановиќ.
Според него, Американците преку украинските момчиња водат војна против Русија.
Милановиќ неодамна ја одби обуката на украинските војници во Хрватска, што доведе до судир меѓу него и премиерот Пленковиќ.
Бидејќи владата ја одобри обуката, одлуката сега зависи од хрватскиот парламент.