Меркел присуствуваше на првата седница на новиот состав на германскиот парламент

Германската канцеларка Ангела Меркел присуствуваше на првата седница на новиот состав на германскиот парламент, во кој има повеќе жени и припадници на малцинствата, во галеријата за посетители.

Фото: ЕПА

Долниот дом на парламентот, во кој седат просечно најмладите пратеници досега и првите две трансродови пратенички, се состана за да го избере својот претседател и другите членови на претседателството.

Германските конзервативци на изборите на 26 септември, по 16 години владеење го постигнаа својот најлош резултат досега.

Меркел не се кандидираше на изборите. Но, нејзиниот рејтинг останува висок и таа ќе остане на функцијата се додека Бундестагот не го избере нејзиниот наследник, веројатно Олаф Шолц од СПД.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која на изборите беше прва, преговара за формирање коалициска влада со Зелените и либералите (ФПД), што треба да биде завршено до 6 декември.

Трите партии посочуваат дека нивната коалиција, прва од ваков вид на национално ниво, ќе биде нов почеток за Германија и ќе се фокусира на модернизирање на германската економија, најголемата во Европа, и борба против климатските промени.

Новиот Бундестаг, 20 во повоениот период, е најголемиот досега и има 736 пратеници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе