Меланија Трамп откажа предизборен митинг поради „постојана кашлица“

Фото: ЕПА

Првата дама на САД Меланија Трамп поради „упорна кашлица“ го откажа своето патување на предизборниот митинг во Пенсилванија, каде што требаше да му се придружи на својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти нејзината прес-служба.

„Госпоѓата Трамп продолжува да се чувствува сѐ подобро секој ден откако оздраве од ковид-19, меѓутоа, поради упорната кашлица и од претерана претпазливост, нема да патува денес“, рече во краткото соопштение нејзината портпаролка Стефани Гришам.

На Меланија Трамп ѝ беше дијагностициран ковид-19 во исто време со нејзиниот сопруг, на 1 октомври, а во средината на октомври таа објави дека тестот за коронавирусот ѝ е негативен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе