И покрај повикот на Бајден за цивилизираност

„Меланија го мрази Божиќ“: Твитер ја нападна првата дама за украсите (ВИДЕО)

Иако имаше демократи што го послушаа повикот на Џо Бајден да ја „напуштат острата реторика" и ги пофалија божиќните украси на Меланија Трамп во Белата куќа, партиските онлајн-воини на Твитер очигледно не ја примиле пораката.

„Ова е прекрасно украсено и може да го испочитуваме ако не ѝ дозволиме на политиката да ни се меша во сè“, напиша вчера конгресменката Илхан Омар (демократка од Минесота), ретвитувајќи го двоминутното видео на првата дама на кое се гледа Белата куќа украсена за претстојниот празник.

Тоа е интересен пресврт кај Омар, отворено прогресивна активистка што го обвини претседателот Доналд Трамп за расизам. Нејзините претходни коментари за Трамп дека одржува „Клан-митинзи“ ја поткопуваа пораката на Бајден за единство и подавање рака кон републиканците по оспоруваните избори.

Бајден ја повтори таа порака во неделата, велејќи дека Американците треба „да ги смират страстите и повторно да почнат заемно да се слушаат“ и дека демократите треба „да престанат да ги третираат нашите противници како наш непријател“.

На Меидас Тач, озлогласениот демократски акционен комитет специјализиран за кампањи на социјалните мрежи против Трамп, очигледно не му се допаднала пораката. На видеото на Меланија Трамп тие одговорија со клип на Си-ен-ен од нејзиниот тајно снимен разговор со поранешна соработничка, а нивниот хаштаг #MelaniaHatesChristmas (Меланија го мрази Божиќ) брзо стана хит на Твитер.

Тој брзо беше прифатен и заострен од други истакнати активисти на Отпорот.

Паролата „Кому му е факинг гајле за божиќни работи и украси?“ беше создадена како реакција на муабетот во јули 2018 година помеѓу првата дама и помошничката Стефани Винстон Волкоф.

Волкоф тајно го снимала разговорот и монтираната лента беше емитувана во почетокот на октомври од мејнстрим медиумите што ја промовираа книгата на Волкоф.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе