„Често ме прашуваат зошто моите постови на Телеграм се толку груби. Одговорот е дека ги мразам. Тие се гадови и изроди. Тие сакаат смрт за нас, за Русија. И додека сум жив ќе направам сè за да исчезнат“, наведе Медведев.
Не е јасно на што Медведев мисли во постот. Тој претходно често испраќаше предупредувања поради испраќањето западно оружје во Украина.
Минатата недела кажа дека шансите за политичко решавање на конфликтот во Украина се намалуваат под влијание на Вашингтон и Брисел и дека Русија ќе мора да возврати на центрите на одлучување во случај Киев да ги употреби повеќецевните ракетни фрлачи кои ги добива од Западот врз објекти на руска територија.
Предупреди дека Москва би морала да ги гаѓа западните градови ако Украина ги употреби американските ракетни системи за изведување напади на руска територија.
„Ако, не дај Боже, ова оружје се употреби против руската територија, тогаш нашите оружени сили нема да имаат друг избор освен да ги нападнат центрите на одлучување“, кажа Медведев.
Тој во мај предупреди и дека снабдувањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да се претвори во нуклеарна војна.
Исто така кажа дека Русија нема да дозволи да избие Трета светска војна, но дека е во состојба да упати моментален и силен одговор во случај да биде нападната.