Медведев: Тие нам ни земаат имот на хартија, ние ним на терен

Заменик шефот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев ја искоментира изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

EPA-EFE

Медведев ја искоментира изјавата за тоа дека Киев конфискувал руски имот во вредност од 765 милиони долари, кажувајќи дека Киев го прави тоа „на хартија“, додека руската војска тоа го прави „на терен“.

„Тие нам ни земаат имот на хартија, а ние ним на терен. Со прашањето на конфискација на нелегално стекнатиот имот на киевскиот режим и негово враќање во рацете на Русија успешно се бават нашите оружени сили“, напиша Медведев на Телеграм.

Владата на Украина усвои декрет на Зеленски за конфискација на имот и актива на Руската Федерација, а станува збор за 903 објекти и 765 милиони долари. Тој кажа и дека тие средства Киев ќе ги употреби за одбрана и обновување на земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе