Медведев: Русија нема да ја прекине војната, дури и ако Украина се повлече од НАТО

Дмитриј Медведев најблискиот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, во петокот изјави дека Москва нема да ја прекине својата воена кампања во Украина дури и ако Киев формално се откаже од своите аспирации за приклучување кон НАТО алијансата.

Фото: ЕПА

Поранешниот претседател Медведев а сега заменик претседател на Совет за безбедност на Русија, во интервју за француска телевизија рече дека Русија е подготвена да преговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски под одредени услови.

Пред инвазијата на Украина во февруари, Москва јасно стави до знаење дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за неа.

„Воздржувањето од НАТО сега е од витално значење, но не е доволно за воспоставување мир“, изјави Медведев за телевизијата ЛЦИ во цитати кои ги пренесуваат руските новински агенции.

Русија, рече тој, ќе ја продолжи кампањата додека не ги постигне своите цели. Путин вели дека сака да спроведе „денацификација“ во Украина. Киев и Западот велат дека ова е неоснован изговор за освојувачка војна.

Од почетокот на инвазијата, Русија и Украина одржаа неколку рунди преговори, но тие не постигнаа напредок и има мали изгледи за продолжување.

„Разговорите ќе зависат од тоа како ќе се одвиваат настаните. Ние и претходно бевме подготвени да се сретнеме со Зеленски“, рече Медведев.

Во своите коментари, тој исто така рече дека американското оружје што е веќе испорачано во Украина, како што се ракетните фрлачи ХИМАРС, сè уште не претставуваат значителна закана.

Но, тоа би можело да се промени, рече тој, ако оружјето што го испраќа САД може да погоди цели на поголема оддалеченост.

„Тоа значи дека кога овој тип проектили лета 70 километри, тоа е една работа“, рече Медведев. „Но, кога ќе прелета 300 до 400 километри, тоа е друга работа, тогаш тоа би било директна закана за територијата на Руската Федерација“, рече Медведев.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе