Медведев: Никој не ја откажа зимата

Заменик претседавачот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев предупреди, коментирајќи ја кризата со гасот, дека „наскоро доаѓа зимата“ во Европа.

EPA-EFE

Тој додаде дека „алтернативните снабдувања со гас, нафта и јаглен се скапи или едноставно нереални“.

„Наскоро стигнува студот“, напиша Медведев на Телеграм, а пренесува Ројтерс.

„Никој не ја откажа зимата, а алтернативните снабдувања со гас, нафта и јаглен се скапи или едноставно нереални“, порача поранешниот претседател на Русија.

Кремљ денес соопшти дека турбината за гасоводот Северен тек, најголемиот цевковод кон Европа, сè уште не стигнала од ремонтот во Канада, а утре се очекува да биде преполовен дотокот на гас преку тој гасоводот поради прекинот со работа на уште една турбина.

Европската Унија ја обвинува Русија дека се користи со економска уцена, додека Москва тврди дека намалената испорака на гас во Европа е последица на технички проблеми и западните санкции поради руската воена операција во Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе