Медведев: И Европската Унија има нуклеарни централи. И таму би можела да се случи несреќа

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев испрати суптилна закана до западните сојузници на Киев кои ја обвинуваат Русија дека создава ризик од нуклеарна катастрофа со стационирањето сили околу нуклеарната централа Запорожје. Украина ја обвини Русија дека од таму гаѓала украински градови знаејќи дека украинските сили не можат да ризикуваат да возвратат.

EPA-EFE

Киев тврди дека руските сили го гранатираат тоа подрачје, иако најголемата нуклеарна централа во Европа е под руска контрола од март.

„Тие (Киев и сојузниците) велат дека руските сили ја напаѓаат централата. Тоа е 100 отсто бесмислено, дури и за глупавата русофобна јавност“, напиша на Телеграм Медведев, заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.

„Велат дека тоа може да се случи сосема случајно: Не го сакавме тоа. Што да се каже на тоа: Не заборавете дека и Европската Унија има нуклеарни централи. И таму може да се случат несреќи“, порача Медедев.

Киев и Обединетите нации повикаа на демилитаризација на таа област, додека Г7 повика Русија да ѝ ја врати таа територија на Украина. Претседателот на одборот за надворешни работи на рускиот парламент Дума Леонид Слутскиј кажа дека идејата за враќање на централата на Украина е „смешна дури и од безбедносен аспект“.

„Сите изјави на министрите за надворешни работи на Г7 во прилог на нивните барања не се ништо друго освен спонзорирање нуклеарен тероризам“, напиша тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе