Поранешниот руски претседател

Медведев го спореди Зеленски со Хитлер

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за тоа дека целото руско население треба да се смета за одговорно за воената операција во Украина звучи како идеите на Адолф Хитлер, изјави денес заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

EPA-EFE

„Адолф Хитлер беше последната личност која се обиде да спроведе такви идеи против цел народ. Има ли уште прашања за карактерот на украинските власти?“, напиша Медведев на Телеграм.

Зеленски денес ги повика западните земји да им го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Москва да анектира уште украински територии.

Украинскиот претседател во интервју за Вашингтон пост оцени дека најважните санкции се затворање на границите бидејќи „Русите одземаат туѓа земја“. Додаде дека „Русите треба да живеат во својот свет додека не ја сменат филозофијата“.

Тој смета дека таа мерка треба да важи и за руските државјани кои ја напуштиле земјата во знак на протест против постапките на Москва. Според него, одговорноста за нападот на Украина го сноси „целото население на Русија“.

Зеленски во неделата предупреди дека, ако Москва продолжи со спроведувањето референдуми за приклучување кон Русија на териториите под своја контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе