Медведев, кој се претставуваше како либерален модернизатор додека беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, стана еден од најгласните поддржувачи на војната во Украина и редовно објавува остри обвинувања против Западот.
„Доколку НАТО, како што (генералниот секретар Јенс) Столтенберг најави, ги снабдува украинските фанатици со системи „патриот“ и персонал на НАТО, тие веднаш ќе станат мета на нашите оружени сили“, напиша Медведев на Телеграм. Останува нејасно дали мета ќе станат системите „патриот“ или персоналот на НАТО, пишува Ројтерс.
„На цивилизираниот свет не му треба оваа организација. Таа мора да се покае пред човештвото и да биде распуштена како криминален ентитет“, напиша Медведев претходно.
Министрите за надворешни работи на НАТО се собрани на состанок во Брисел и денес ги осудија „руските постојани и несовесни напади на украинската цивилна и енергетска инфраструктура“ и се обврзаа да ја засилат поддршката на Киев.