Медведев, актуелниот заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, на овој начин го коментираше изборот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „Личност на годината“ од страна на американскиот магазин Тајм.
„И руските медиуми имаат за што да го наградат Злеенски – за неговото одбивање да преговара“, оцени Медведев.
„Благодарение на тоа, Русија без какви било дополнителни прашања ќе ја сработи работата до крај, без непотребни компромиси“, истакна тој.
Американски Тајм на 7 декември за личност на 2022 го прогласи Зеленски и „духот на Украина“.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека таквата одлука одговара на општозападниот мејнстрим, кој има русофобен карактер.